Потпишан договор за соработка со ИНИ

Соработката со Институт за национална историја официјално започнува со потпишаниот договор меѓу ГЛАМ Македонија и ИНИ. Со оваа соработка очекуваме на Википедија на македонски јазик да се создадат нови статии поврзани со историјата на мекдонскиот народ, како и да се подобрат постоечките, со текст, цитати и референци од книги што македонската наука ги одобрува.

Договорот е дел од програмата ГЛАМ на Здружението, односно спаѓа во доменот на соработка со  галерии, библиотеки, архиви, музеи и сродните институции.

ВИКИ КЛУБ ОХРИД продолжува со своите активности

Членовите на Вики Клубот во Охрид продолжуваат со работа и заедничките средби и покрај техничките проблеми (проблеми со интернет) во просториите каде се среќаваат. Со цел да се надминат проблемите со интернетот, ГЛАМ Македонија им обезбеди картичка со 5 гига бајти месечен интернет. Се надеваме дека продуктивноста ќе се зголеми.

(На фотографиите дел од работната атмосфера)

Награди за членовите на ВИКИ клубовите

Првите награди за оваа година ќе бидат доделени за активност од 1 јануари до 28 февруари 2018 година, за најдобра статија, најголем број на придонеси и други изненадувања.
Право на учество имаат сите членови на Вики Клубовите.

Вклучете се и освојте една од наградите.

5 години музејска едукација

На 30 јануари 2018 година во Музеј на македонската борба Скопје се одржа пригодна прослава по повод пет години постоење и работа на музејската едукација. На настанот со презентација беа претставени проектите на кои работи Музејот, а кои спаѓаат во образовната програма на, меѓу другите, беше претставен и Вики Клубот кој во просториите на Музејот на македонската борба работи секоја среда од 15 часот.

На настанот присуствуваа и членови на ГЛАМ Македонија, а претседателката Снежана Штрковска зеде збор во претставувањето на работата на Вики Клубот.