Википедија на македонски јазик се збогати со над 500 нови статии на германски теми

Википедија на македонски јазик се збогати со над 500 нови статии на германски теми

Во деновите од 3 до 5 мај 2019 година се одржа тродневен германски Викикамп
за членовите на Вики клубовите  во Македонија, под мотото „Запознајте ја
Германија“. Проектот е во организација на Здружението  ГЛАМ Македонија  во
соработка со Гете институтот од Скопје.
Кампот се одржа во хотел „Романтик“ на Велешко Езеро – Младост, и опфати
ученици од различни основни и средни училишта од Македонија. Покрај
заедничкото уредување на Википедија, учесниците имаа можност да чујат низа
предавања, и да учествуваат на интерактивни вежби. Кампот го отвори
претставник од Гете институтот во Скопје, Кристина Велковска, а гостин од
Германија на самиот камп беше Гереон Калкухл, администратор на Википедија на
германски јазик. Секој од учесниците доби подарок од Гете институт како и од
Викимедија Германија, најголемата вики организација во светот, а на крајот од
кампот, им беа доделени сертификати за учество.

Во текот на трите дена беа создадени повеќе од 500 нови статии на Википедија на
македонски јазик на тема Германија: култура, историја, географија, спорт, филм и
друго.

Инаку, ова е трет Вики камп во организација на ГЛАМ.

Учесниците и нивните придонеси

Сите фотографии може да се видат на овој линк