ГЛАМ Македонија

ГЛАМ Македонија е непрофитно, невладино и непартиско здружение, чија главна цел е прибирање, умножување и споделување на слободни содржини, исклучиво на непрофитен начин, како и промоција на идејата дека сите луѓе треба да имаат еднаков пристап до знаењето и образованието.

Здружението е регистрирано во Република Македонија и делува како признат огранок во нашата земја од страна на фондацијата Викимедија. Фондацијата Викимедија е непрофитна меѓународна организација која ги координира активностите на признатите независни ограноци со кои ја има истата цел: збогатување на Википедија со содржини, како и останатите јазични Вики проекти.

Историјат

ГЛАМ Македонија е основана на 7 февруари 2016 година. Википедијанците кои се основачи на ова Здружение, како и останатите членови, се собрани околу идејата за збогатување на Википедија на македонски јазик. Извршното тело на ГЛАМ Македонија се состои од: Претседател, извршен директор, Извршен одбор составен од пет члена, и двајца координатори на проектите.