ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА УНГАРИЈА“

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ПРОЕКТОТ „ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА УНГАРИЈА“

На 13 март 2019 година, во просториите на Здружението на Унгарците „Теледом“ свечено беа доделени наградите за најдобрите уредувачи. Наградите ги додели амбасадорот на Република Унгарија во Скопје, Ласло Дукс.

Резултатите од предизвикот „Запознајте ја Унгарија“се следните: 28 Википедијанци, сите членови на Вики Клубовите во Македонија кои ги раководи Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија, за 30 дена, од 25 јануари до 23 февруари 2019 година, создадоа вкупно 408 нови статии на Википедија на македонски јазик на тема Унгарија

Првите петмина најдобри се (следуваат кориснички имиња):

  1. ‎Ina pet – 112,5 поени (113 статии)
  2. Simona Trajkoska – 42 поени (48 статии)
  3. Jtasevski123 – 41,5 поени (45 статии)
  4. Krstevska123 – 34 поени (39 статии)
  5. PetarZdravevski – 34 поени (36 статии)

За најдобра статија е прогласена Унгарска револуција (1848), на која е додаден текст од 85 илјади бајти.

Инаку во рамки на проектот, се одржа заедничко уредување на унгарски теми на 1 февруари 2019 година во просториите на Здружението на Унгарците во Македонија „Теледом“.  Триесет нови статии беа создадени во текот на три часа заедничко уредување, и две статии беа надополнети со текст.