ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА РУСИЈА – ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

Во Музејот на македонската борба на 17 март, беше одржано доделувањето на наградите за
победниците на едномесечниот уредувачки предизвик за членовите на Вики Клубовите на
тема „Запознајте ја Русија”, организиран од страна на Амбасадата на Руската Федерација и
Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија. На доделувањето учествуваа Амбасадорот Сергеј
Баздникин и Претседателот на здружението Снежана Штрковска. Википедија на македонски
јазик е збогатена со 625 статии на руски теми од 20 млади уредувачи. Најдобрите 5 уредувачи,
се здобија со дипломи и награди кои ги додели Амбасадорот на Руската Федерација во Скопје.
Настанот беше одржан според протоколите за физичка дистанца.