НАТПРЕВАР „СТАТИИ БЕЗ ИЛУСТРАЦИЈА“ – ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ

НАТПРЕВАР „СТАТИИ БЕЗ ИЛУСТРАЦИЈА“ – ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ

Статии без илустрација или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости. На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“.

За македонските уредувачи обезбедивме посебни награди, а може да освоите и некоја од меѓународните награди.

Времетраење: од 1 јули до 31 август 2020 година

Како да учествувате: Мора да имате корисничка сметка на Википедија. Доколку немате, направете ја. Прочитајте ги внимателно останатите правила на проектната страница.