Програма ГЛАМ

Програма ГЛАМ – има за цел збогатување на содржините на Википедија преку сорботка со институциите што спаѓаат во ГЛАМ секторот (галерии, библиотеки, архиви, музеи и сродни институции, оттаму и името на ова здружение), меѓу кои: Музеј на македонската борба во Скопје, Државен архив на Република Македонија, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, Институт за национална историја (ИНИ), општина Карпош, и други.

Првиот матичен Википедијанец во соработка со ГЛАМ Македонија го прими Државниот архив на Република Македонија.

Вториот матичен Википедијанец е воспоставен во соработка со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Третиот матичен Википедијанец е воспоставен во соработка со Институт за национална историја (ИНИ) во Скопје.

Од досегашната соработка со ГЛАМ секторот во Македонија, за употреба на Википедија се ослободени повеќе од 2600 фотографии и документи поврзани со историјата на македонскиот народ, создадени или подобрени се повеќе од 1000 статии. Исто така, додадени се повеќе од 650 референци на постоечки статии, и извршена е обука за уредување на Википедија на вработени во ГЛАМ секторот.