Членство

Членувањето е бесплатно. Доколку сте заинтересирани за соработка, за дружење со нас, за поднесување на предлози како да се подобри Википедија, и сакате да се приклучите во ова глобално движење, еден од начините е да ја потпишете пристапницата.

ПРИСТАПНИЦА

ГЛАМ Македонија

ГЛАМ Македонија е непрофитно, невладино и непартиско здружение, чија главна цел е прибирање, умножување и споделување на слободни содржини, исклучиво на непрофитен начин, како и промоција на идејата дека сите луѓе треба да имаат еднаков пристап до знаењето и образованието.

Здружението е регистрирано во Република Македонија и делува како признат огранок во нашата земја од страна на фондацијата Викимедија. Фондацијата Викимедија е непрофитна меѓународна организација која ги координира активностите на признатите независни ограноци со кои ја има истата цел: збогатување на Википедија со содржини, како и останатите јазични Вики проекти.

Историјат

ГЛАМ Македонија е основана на 7 февруари 2016 година. Википедијанците кои се основачи на ова Здружение, како и останатите членови, се собрани околу идејата за збогатување на Википедија на македонски јазик. Извршното тело на ГЛАМ Македонија се состои од: Претседател, извршен директор, Извршен одбор составен од пет члена, и двајца координатори на проектите.

Донации

За сите вас драги луѓе кои се интересирате како можете да ни помогнете: за да ја оствариме целта на нашата мисија, сите проекти ги реализираме преку донации.

Википедија е една од најпосетуваните страници на интернет, што ја читаат сите возрасти. Ако секој што ќе ја прочита оваа порака уплати еднократна или месечна донација од 100, 250, 500, 1000 денари, потребните средства за ефективно работење би ги собрале за неколку дена. Но, не може секој да одвои од својот буџет за да донира. И ова е во ред.

Донирај паметно, поддржи ја работата на Вики Клубовите во Македонија.

За уплати од РМ:
270-071088340126 Халк банка, Скопје.
Или за плаќање од странство PayPal

Ви благодариме за поддршката што ни ја пружате.
Тимот на ГЛАМ Македонија

Каде одат вашите пари
Технологија: одржување на компјутерите, набавка на делови за донираните хард дискови за Вики Клубовите, монитори, УСБ конектори, интернет картички и слично.
Луѓе и проекти: другите непрофитни организаиции имаат вработени, но кај нас волонтерите ги вршат сите активности. Времето на волонтерите не се плаќа, но трошоците кои ги имаат додека се ангажирани на проекти треба да бидат платени.