Програма ГЛАМ

Програма ГЛАМ – има за цел збогатување на содржините на Википедија преку сорботка со институциите што спаѓаат во ГЛАМ секторот (галерии, библиотеки, архиви, музеи и сродни институции, оттаму и името на ова здружение), меѓу кои: Музеј на македонската борба во Скопје, Државен архив на Република Македонија, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, Институт за национална историја (ИНИ), општина Карпош, и други.

Првиот матичен Википедијанец во соработка со ГЛАМ Македонија го прими Државниот архив на Република Македонија.

Вториот матичен Википедијанец е воспоставен во соработка со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Третиот матичен Википедијанец е воспоставен во соработка со Институт за национална историја (ИНИ) во Скопје.

Од досегашната соработка со ГЛАМ секторот во Македонија, за употреба на Википедија се ослободени повеќе од 2600 фотографии и документи поврзани со историјата на македонскиот народ, создадени или подобрени се повеќе од 1000 статии. Исто така, додадени се повеќе од 650 референци на постоечки статии, и извршена е обука за уредување на Википедија на вработени во ГЛАМ секторот.

Образовна програма

ГЛАМ Македонија работи на реализација на проекти поврзани со Википедија, чија главна цел е збогатување на знаењето кое е слободно.

Образовната програма – има за цел збогатување на Википедија со нови содржини како и проширување на постоечките. Оваа програма се одвива пред сè преку основање и одржување на Вики Клубови во Македонија, обука на мклади и возрасни за уредување на Википедија. Од досегашната соработка ги издвојуваме: ООУ „Свети Климент Охридски“ Драчево, ООУ „Светозар Марковиќ“ Старо Нагоричане, Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Скопје, ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид, и други.

Првиот Вики Клуб во Македонија е основан во соработка со Музејот на македонската борба во Скопје. Започнa со својата работа на 19 октомври 2016 година.

Вториот Вики Клуб во Македонија е отворен и работи во рамките на училиштето „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане.

Третиот Вики Клуб во Македонија работи во Охрид.

Вики Камп е заедничко дружење и уредување на Википедијанците ученици во траење од три дена. Првиот Вики Камп се одржа во Берово, од 15 до 17 декември 2017 г. Добредојдени се сите заинтересирани. Повеќе на следниот линк:

Вики конференција за наставници е еднодневна обука и запознавање на наставниците со можностите кои ги нуди Википедија, како и со начините на кои Википедија може да се употреби како наставно средство.

Во Вики Клубовите до август 2018 г. се обучени 195 ученици, создадени се над 1130 нови статии, аоколу 2000 постоечки статии се надополнети со содржина; повеќе од 150 наставници ја поминале обуката на Вики конференциите, а на Вики Кампот учествуваа 55 ученици од 10 школи од Македонија.