Фондација Викимедија

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која ги поддржува Википедија и другите мрежни места за слободен пристап до знаење, како и ја промовира и се залага за идејата за слободно знаење и пристап до информации за сите. Тоа се постигнува преку овозможувањето на Википедија како брзо, безбедно и достапно место, бранејќи ги Википедија и нејзините корисници-волонтери од правни закани. Фондацијата гради нови алатки за полесно да се чита, уредува и споделува знаењето од сите нејизни проекти, но и вложува напори при поддржување на заедниците на корисници и уредувачи.

Исто така, Википедија се труди да ги намали бариерите до пристапот на информации, така што нејзината визија е сите да можат лесно да го споделат знаењето. Фондацијата има свои ограноци и кориснички групи во различни држави во светот. ГЛАМ Македонија е една од корисничките групи или здрженија на граѓани кои ги посветиле своите ресурси и напори кон постигнувањето на целите на оваа глобална организација.

Најпопуларно мрежно место, или проект, е Википедија. Сепак, сестринските проекти на Википедија се повеќебројни. Заклучно со 2018 година следниве повеќејазични проекти се во функција:

Википедија е проект кој создава слободна енциклопедија на сите јазици во светот. Скоро секој кој има пристап до Интернет може да ја чита, уредува и споделува содржината на енцклопедијата. Содржината што се објавува е подржана со соодветни извори и се тежнее да се наведе неутрална гледна точка на темите. Првата јазична верзија на Википедија била на англиски јазик и истата била покрената во јануари 2001 година. Денес има над 40 милиони статии напишани на 293 јазици, меѓу кои и македонскиот.

Викиречник е проект кој создава речник кој е достапен за читателите. Секој проект на својот избран јазик тежнее да ги дефинира сите зборови во сите јазици. Викиречник, за разлика од обичен речник, тежнее да биде поопфатен дефинирајќи семантички значења, преводи, изведенки, изговор, потекло, форми и цитати. Овој проект запонал во 2002 година, достапен е на 170 јазици, меѓу кои и македонски.

Викицитат е проект чија главна цел е да собере цитати од познати луѓе, од различни книги и говори, цитати од филмови или каков било друг интелектуално интересен формат. Исто така во Викицитат се вклучени поговорки и слогани. Проектот започнал во јули 2003 година и е достапен на 89 јазика.

 

Викикниги е проект кој тежнее да содаде колекција на слободни електронски книги, вклучително учебници, јазични учебници, упатства и друг вид на печатен материјал во јавна сопственост. Исто така проектот помага за самоучењето на учениците и наставниците низ средните училишта и универзитети. Проектот е достапен на 121 јазик, меѓу кои и македонски.

Викиизвор е повеќејазичен проект чија главна задача е да прибира и обајвува текстови кои се во јавна сопственост. Проектот не е само еден вид база за собирање текстови од книги, закони и друг вид на текст, туку и служи како платформа за преведување од други јазици. Проектот е започнат во ноември 2003 година и денес има 67 јазични изданија, меѓу кои и на македонски.

Викивидови е отворен проект кој овозможува централна и опширна база за таксономија. Проектот опфаќа живи и фосилни примероци на животни, растенија, габи, бактерии, вируси и други форми на живот. Проектот е започнат на 14 септември 2004 година, опфаќа 87 јазика, меѓу кои и македонски.

Викивести e проект кој започнал во декември 2004 година и главната цел на проектот е да објавува вести и настани од различни области и земји. Корисниците пишуваат вести и ги објавуваат на проектот. Сите вести мора да се напишани со нетрана гледна точка. Вестите што се објавуваат се со лиценца Creative Commons Attribution 2.5, а не со лиценца Creative Commons Attribution-Share Alike 3.0. Викивести е достапна на 29 јазика, а македонската верзија е во почетна фаза.

Викиуниверзитет е проект кој е посветен на материјалите за учење и заедниците за учење. Проектот е започнат на 15 август 2006. Иако името се однесува за универзитети, сепак проектот е отворен за сите ученици и наставници кои може да користат материјали за изучување. Начините со кои може да се олесни учењето сè уште се истражува, но сепак се фокусира на „учење преку експерименти“ и „учење преку изведување“. Проектот е достапен на 16 јазика.

Википатување е проект чија главна цел е да создаде светски најголем достапен и слободен водич за патување. Проектот бил започнат во јануари 2003 година. Содржините се напишани од волонтери кои се мотивирани од една иста желба – патување. Проектот е достапен на 18 јазика.

 

Заедничка Ризница е повеќејазичен проект бил започнат во септември 2004 година. Целта на проектот е да биде централно место за подигање и чување на фотографии, дијаграми, карти, видео записи, анимации, аудио записи, звуци, говорен снимен текст и друг вид на слободна содржина. Овие податотеки се користат низ проектите на Викимедија.

Википодатоци е проект започнал во октомрви 2012 година. Главната цел на проектот е да создаде слободна база на знаење за светот кој може да се прочита и уреди од луѓето и ботовите. Проектот овозможува податоци за сите јазични изданија за сите проекти на Викимедија и овозможува централен пристап до податоците, функција слична на таа со Заедничата ризница. Проектот е достапен на повеќе јазици, меѓу кои и македонски.

МедијаВики е заедница за слободни ресурси која ги одржува проектите на Викимедија. Платформата на МедијаВики се користи од сите проекти на Викимедија, но и на други надворешни мрежни места. На овј проект се вршат прилагодувања, надоградувања и поправки на програмата.

Мета е проект кој е централно место за координациски и организациски задачи, разговори, планирања и решенија кои ги засегаат различните проекти на Викимедија. Проектот се користи за различни цели, од документирање на вики-филозофијата па до предлози за грантови за ограноците и корисничките групи. На проектот се поставуваат „Барања за нови јазици“, јавен центар за стјуардските активности и разговоори за донации. Проектот е повеќејазичен.

Инкубатор е проект или централно место каде се развиваат нови јазични проекти на Викимедија. Тоа е местото каде се создаваат нови верзии пред да се пуштат во јавноста. Првично се именуваат како „вики-тест“, а понатака се доделува јазичниот код на проектот. Кодовите ИСО 639.

Wikimedia Cloud Services (WMCS) е флексибилен компјутерски екосистем кој е развиен врз база OpenStackGridEngine и Kubernetes. Проектот ги зацврстува техничките придонеси на Викимедииниот софтвер. Производите и ресурсите се достапни за сите кои се дел од Викимедија. Подршката и администрацијара се овозможени од тимот на Фондацијата.