Меѓународна соработка со википедијанците од Република Српска

Во деновите на 26 февруари и 28 февруари 2018 година, беше реализирана меѓународна соработка меѓу ГЛАМ Македонија и здружението на Викимедијанците од Република Српска.

Во рамките на меѓународната соработка, учениците од Вишеград создадоа 20 нови статии на Википедија на српски јазик, поврзани со Македонија, додека членовите на Вики Клубовите од Музеј на македонската борба и од Старо Нагоричане, денеска создадоа девет нови статии поврзани со биографија на личности и географија на Република Српска.

ВИКИ СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ

Здружението за умножување на слободни содржини ГЛАМ Македонија од Скопје во деновите на 15 март (четврток) и 17 март (сабота) 2018 година организира „Вики семинари за наставници“ со работилница. Семинарите ќе се одржат во „Јавна соба“, со почеток од 10 часот, и во сабота со почеток од 17 часот.
Ве покануваме да земете учество. Во прилог следува програмата.
10:00 – 10:15 – Пристигнување на учесниците и регистрација
10:15 – 10:30 – „Вовед во Википедија и останатите сестрински проекти“, предавач: Снежана Штрковска
10:30 – 11:15 – Воведен курс за уредување на Википедија, предавач: Никола Стојаноски
11:15 – 11:35 – Пауза за кафе и освежување
11:35 – 13:55 – Заедничко уредување (hands-on) под водство на искусни Википедијанци, членови на ГЛАМ Македонија
14:00 – 14:15 – Затворање и доделување на сертификатите
* За присутните наставници се обезбедени печатени брошури „Како професорите предаваат со Википедија “, сертификати за помината обука, пенкало и нотес.
** Понесете лап топ со себе. Постои можност за неколкумина од учесниците да се обезбеди лап топ за работа на семинарот, но само со претходна најава.
Бројот на места е ограничен.
За пријавување и информации, испратете мејл на glammacedonia@gmail.com

Потпишан договор за соработка со ИНИ

Соработката со Институт за национална историја официјално започнува со потпишаниот договор меѓу ГЛАМ Македонија и ИНИ. Со оваа соработка очекуваме на Википедија на македонски јазик да се создадат нови статии поврзани со историјата на мекдонскиот народ, како и да се подобрат постоечките, со текст, цитати и референци од книги што македонската наука ги одобрува.

Договорот е дел од програмата ГЛАМ на Здружението, односно спаѓа во доменот на соработка со  галерии, библиотеки, архиви, музеи и сродните институции.

ВИКИ КЛУБ ОХРИД продолжува со своите активности

Членовите на Вики Клубот во Охрид продолжуваат со работа и заедничките средби и покрај техничките проблеми (проблеми со интернет) во просториите каде се среќаваат. Со цел да се надминат проблемите со интернетот, ГЛАМ Македонија им обезбеди картичка со 5 гига бајти месечен интернет. Се надеваме дека продуктивноста ќе се зголеми.

(На фотографиите дел од работната атмосфера)

Награди за членовите на ВИКИ клубовите

Првите награди за оваа година ќе бидат доделени за активност од 1 јануари до 28 февруари 2018 година, за најдобра статија, најголем број на придонеси и други изненадувања.
Право на учество имаат сите членови на Вики Клубовите.

Вклучете се и освојте една од наградите.

5 години музејска едукација

На 30 јануари 2018 година во Музеј на македонската борба Скопје се одржа пригодна прослава по повод пет години постоење и работа на музејската едукација. На настанот со презентација беа претставени проектите на кои работи Музејот, а кои спаѓаат во образовната програма на, меѓу другите, беше претставен и Вики Клубот кој во просториите на Музејот на македонската борба работи секоја среда од 15 часот.

На настанот присуствуваа и членови на ГЛАМ Македонија, а претседателката Снежана Штрковска зеде збор во претставувањето на работата на Вики Клубот.

Потребата од дигитализација во 21 век

На 18 јануари 2018 година, во ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје се одржa отворена панел дискусија на тема „Потребата од дигитализација во 21 век“.

На настанот говорea:
*Даниела Митевска, историчар едукатор во Музеј на македонската борба Скопје, –
*Јасмина Најдовска, советник за средување архивска граѓа, нов период во Државен архив на Република Македонија,
*Гордана Јовиќ Стојковска, матичен Википедијанец и
*Гордана Андреева, програмски раководител на Матична библиотека „Браќа Миладиновци“.

Настанот е во организација на Здружението за умножување на слободни содржини ГЛАМ Македонија од Скопје и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, а по повод  роденденот на семрежната енциклопедија Википедија.