Посета во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје

На 4 јуни 2018 година, во организација на матичниот Википедијанец, Гордана Јовиќ- Стојковска, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје беше организирана посета за членовите на Вики клубот, сите ученици од ОУ „Свети Климент Охридски“ од Драчево. Википедијанците беа запознаени со капацитетите на библиотеката,  со начините на користење на стручната литература, како и со читалните и атрактивни програми што ги организира библиотеката. На Википедијанците им беше овозможено да ја видат книговезницата во која се обновуваат многу од користените книги, а посебен интерес предизвика средбата со одделот за периодика.

Младите Википедијанци се запознаа со богатата збирка на дневен, неделен, месечен и периодичен печат од првите броеви на весниците објавувани на територија на Македонија. Мотивирани од исцрпни објаснувања од страна на нивната домаќинка на средбата, Валентина Малиќ-Андоновска, Википедијанците понудија нов вид на соработка: пребарување и подигање текстови од старите броеви на списанијата и весниците во склад со потребите на Википедија на македонски јазик. За ваква идна соработка интерес покажа и Библиотеката.

 

 

 

ГЛАМ АКТИВНОСТИ од јануари до април 2018 година

Во текот на првите четири месеци од 2018 година, активностите на членовите на ГЛАМ Македонија поврзани со ГЛАМ институциите (галерии, библиотеки, архиви и музеи) во Република Македонија беа плодни.

Годинава беа потпишани четири договори за соработка, и тоа: нов договор со Институт за национална историја, и обновени договори со Државниот архив на РМ, со Музеј на македонската борба Скопје и со градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Како резултат на овие договори за соработка, членовите на ГЛАМ Македонија ја збогатија Википедија на македонски јазик, со тоа што: создадоа 250 нови статии, 104 постоечки статии беа подобрени, 200 референци беа внесени и 25 слики беа подигнати.

Главните теми на кои се работеше најмногу беа: Првата и Втората светска војна, како и активностите на партизаните во Македонија.

НАГРАДИ ЗА АКТИВНОСТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ВИКИ КЛУБОВИТЕ

Во периодот од 1 март до 30 април 2018 година, беа создадени 337 нови статии на Википедија на македонски јазик, а 27 постоечки статии беа надополнети и проширени со текст од страна на членовите на Вики Клубовите во Македонија. На овој натпревар на државно ниво зедоа учество вкупно 48 членови. Наградите на младите Википедијанци, членови на Вики Клубовите во Македонија, ќе бидат доделени според следниве најдобри резултати:

За најдобра статија е прогласена статијата: Јенс Столтенберг (Корисник:Gorazd Danevski)

Најголем број нови статии и најголем број придонеси:

Прва награда (тројца добитници):
Kalan Wiki (41 нови статии и 4 надополнети)
Krstevska123 (38 нови статии)
Bogdanovicm (33 нови статии)

Втора награда (тројца добитници):
Damjan Dojcinovski (29 нови статии)
Nani2568 (21 нова статија и 3 дополнети)
Wildwolf10 (20 нови статии)

Трета награда (тројца добитници):
Fcbking (14 нови статии)
TheAce1234 (13 нови статии и 2 дополнети)
Simona Trajkoska (11 нови статии и 1 дополнета)

Четврта награда (тројца добитници):
Veliskovskas (9 нови статии и 1 дополнета)
Kole23 (8 нови статии и 1 дополнета)
Jtasevski123 (8 нови статии)

Сите добитници покрај наградата (бежични мауси, маици со лого, чаши и друго), добиваат и „Диплома за најдобри резултати“. Им честитаме на добитниците.

Заедничко уредување на теми од Првата светска војна

Во текот на викендот на 21 и 22 април 2018 година, во организација на матичниот Википедијанец во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, Гордана Јовиќ-Стојковска, беше реализирано заедничко уредување на теми од Првата светска војна.  Зедоа учество 12 Википедијанци и 8 членови на Вики клуб Старо Нагоричане подготвија заедничка статија, а беа обучени двајца нови Википедијанци.

Во текот на уредувачкиот викенд беа создадени 15 нови статии, а шест постоечки статии беа надополнети со текст.

ВО СОРАБОТКА СО ВОЕНИОТ МУЗЕЈ: УРЕДУВАЊЕ НА ТЕМА НАТО

На 17 април 2018 година од 12:30 часот беше одржана уредувачка работилница со членовите на Вики Клуб во Музеј на македонската борба Скопје. На работилницата зедоа учество учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“, предводени од професорката Ирена Трајковска, како и други членови на Вики Клубот.

Оваа работилница се одржа во соработка со Воениот музеј на Република Македонија. На учесниците им беше прикажан кус документарен филм на тема „Република Македонија на патот кон НАТО“, како и изложбата на тема НАТО што се одвива во моментот во Воениот музеј.

Во текот на трите часа од уредувачката работилница, беа создадени осум нови статии на Википедија на македонски јазик, сите биографии на луѓе кои во својот живот биле Генерални секретари на НАТО. Изборот и содржината на текстовите го направија Вики Тасева од Воениот музеј во соработка со двете едукаторки од Музеј на македонската борба, Ана Вишинова и Даниела Митевска.

Дел од атмосферата на фотоградфиите:

Конференција: Вики лајв Белград, 2018

Во деновите на 14 и 15 април 2018 година во Белград се оддржа четвртата Вики Лајв конференција на која се собираат Википедијанци од Србија и регионот. Дводневната програма беше проследена со бројни предавања, разговори и округли маси на теми поврзани со Википедија, а беше организирана и прошетка низ „Подземен Белград“.

Во рамките на програмата, претседателот на ГЛАМ Македонија, Снежана Штрковска, одржа предавање и претставување на Вики Клубовите во Македонија.

Дел од атмосферата на фотографиите:

 

Работилница со младите википедијанци од Старо Нагоричане

На 11 април 2018 година, матичниот Википедијанец Гордана Јовиќ-Стојковска го посети Вики Клубот Старо Нагоричане, каде воедно се одржа и работилница со членовите на Вики Клуб Старо Нагоричане, кои учат во училиштето „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане. Оваа група на членови ја раководи професорката Стојна Арсовска-Доневска.
За време на работилницата, на новите членови им беа претставени основите за уредување на Википедија. На постарите членови на овој Вики Клуб, кои веќе создаваат и уредуваат статии на Википедија на македонски јазик, им беа покажани новини во уредувањето, што ќе придонесе за нивно поуспешно уредување.
Во текот на работилницата беа создадени 5 нови статии, а една постоечка статија беше надополнета.
Дел од работната атмосфера на фотографиите:

Работилница со младите википедијанци од Драчево

На 2 април 2018 година, се одржа работилница со членовите на Вики Клуб Музеј на македонската борба во Скопје, кои учат во училиштето „Свети Климент Охридски“ во Драчево. Оваа група на членови ја раководи професорката Валентина Трајковска.
За време на работилницата, на новите членови им беа претставени основите за уредување на Википедија. На постарите членови на овој Вики Клуб, кои веќе создаваат и уредуваат статии на Википедија на македонски јазик, им беа покажани новини во уредувањето, што ќе придонесе за нивно поуспешно уредување.
Во текот на работилницата беа создадени 8 нови статии, а една постоечка статија беше надополнета.
Дел од работната атмосфера на фотографиите:

Работилница со членовите на Вики Клуб Охрид

Во деновите на 30 и 31 март 2018 година, се одржаа две работилници со членовите на Вики Клуб Охрид, кој го раководи професорката Наташа Неданоска.
Се вклучија четири нови члена, на кои им беа претставени основите за уредување на Википедија. На постарите членови на овој Вики Клуб, кои веќе создаваат и уредуваат статии на Википедија на македонски јазик, им беа покажани новини во уредувањето, што ќе придонесе за нивно поуспешно уредување.
Во текот на двата дена беа создадени 17 нови статии, а 6 постоечки статии беа надополнети со текст.
Дел од работната атмосфера на фотографиите:

 

ДОБРЕДОЈДЕ НА НОВИТЕ ЧЛЕНОВИ ВО ВИКИ КЛУБОВИТЕ

Во текот на месец март се вклучија вкупно 25 нови членови во Вики Клубовите во Македонија. Бројката на членови сега е 171 член, распоредени во трите активни Вики Клубови што ги води ГЛАМ Македонија, и тоа: Вики Клуб во Музеј на македонската борба, Вики Клуб Старо Нагоричане и Вики Клуб Охрид.

На учениците кои доаѓаат за првпат во Вики Клуб им се дава кус вовед за тоа што е Википедија, се водат низ процесот на регистрирање како корисници, и потоа се воведуваат низ процесот на уредување на Википедија. Учениците се поттикнуваат да пишуваат (уредуваат) од дома, а во Вики Клубовите да доаѓаат по потреба, да научат нешто ново при уредувањето, на пример.

Досега, членовите на Вики Клубовите создале 818 нови статии, а 1350 постоечки статии надополниле и прошириле со текст.