5 години музејска едукација

На 30 јануари 2018 година во Музеј на македонската борба Скопје се одржа пригодна прослава по повод пет години постоење и работа на музејската едукација. На настанот со презентација беа претставени проектите на кои работи Музејот, а кои спаѓаат во образовната програма на, меѓу другите, беше претставен и Вики Клубот кој во просториите на Музејот на македонската борба работи секоја среда од 15 часот.

На настанот присуствуваа и членови на ГЛАМ Македонија, а претседателката Снежана Штрковска зеде збор во претставувањето на работата на Вики Клубот.

Потребата од дигитализација во 21 век

На 18 јануари 2018 година, во ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје се одржa отворена панел дискусија на тема „Потребата од дигитализација во 21 век“.

На настанот говорea:
*Даниела Митевска, историчар едукатор во Музеј на македонската борба Скопје, –
*Јасмина Најдовска, советник за средување архивска граѓа, нов период во Државен архив на Република Македонија,
*Гордана Јовиќ Стојковска, матичен Википедијанец и
*Гордана Андреева, програмски раководител на Матична библиотека „Браќа Миладиновци“.

Настанот е во организација на Здружението за умножување на слободни содржини ГЛАМ Македонија од Скопје и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, а по повод  роденденот на семрежната енциклопедија Википедија.