COVID-19 И НИЕ

COVID-19 И НИЕ

Пред прогласувањето на пандемија од коронавирус, и пред вонредната состојба во земјава, членовите на ГЛАМ Македонија работеа на реализација на неколку проекти, како на пример: Вики Камп за ученици, кој требаше да се одржи во последниот викенд на март 2020 г., конференција за наставници, и неколку работилници кои беа договорени.
Но, поради развојот на ситуациите со COVID-19 во земјава и во светот, ГЛАМ Македонија ги откажа сите настани во живо, на неопределено време.
Членовите на ГЛАМ Македонија за време на пандемијата, под мотото „Остани дома“ работеа на создавање статии на Википедија на македонски јазик, зедоа учество во повикот за уредување на статии по повод „Меѓународниот ден на Ромите“, што се одржа од 7 – 12 април 2020 г.
Во соработка со здружението „Споделено знаење“, го организираме натпреварот за ученици на возраст од 15 – 18 години, што се одвива во период од 15 април до 15 мај 2020 година.
Соработката со Природо-научниот музеј тече, иако не се можни средби во живо. Сепак, матичниот Википедијанец ги подели материјалите со останататите членови, што овозможува дел од работата да биде завршен од дома.
Останете дома, бидете заштиени, и уредувајте на Википедија.