Од 11 до 14 август 2022 година Викиманиа ги обедини сите википедијанци од целиот свет да го прослават и одржат отворениот пристап до знаењето. Оваа конференција е 17- та по ред и е глобален водечки википедијански настан кој по втор па се одржува онлајн, а членовите на ГЛАМ Македонија ја имаа среќата да ја следат заеднички со википедијанците од Македонија. Беа одржани четири заеднички средби за следење на Викиманија: две во Скопје, една во Охрид и една во Велес.
Викиманија овозможува перспектива во динамиката, учење на нови трендови и придонеси на различните пошироки области на движењето на Википедија.
Дел од атмосферата на фотографиите: