Во деновите од 3 до 5 мај 2019 година се одржа тродневен германски Викикамп
за членовите на Вики клубовите во Македонија, под мотото „Запознајте ја
Германија“. Проектот е во организација на Здружението ГЛАМ Македонија во
соработка со Гете институтот од Скопје.
Кампот се одржа во хотел „Романтик“ на Велешко Езеро – Младост, и опфати
ученици од различни основни и средни училишта од Македонија. Покрај
заедничкото уредување на Википедија, учесниците имаа можност да чујат низа
предавања, и да учествуваат на интерактивни вежби. Кампот го отвори
претставник од Гете институтот во Скопје, Кристина Велковска, а гостин од
Германија на самиот камп беше Гереон Калкухл, администратор на Википедија на
германски јазик. Секој од учесниците доби подарок од Гете институт како и од
Викимедија Германија, најголемата вики организација во светот, а на крајот од
кампот, им беа доделени сертификати за учество.
Во текот на трите дена беа создадени повеќе од 500 нови статии на Википедија на
македонски јазик на тема Германија: култура, историја, географија, спорт, филм и
друго.
Инаку, ова е трет Вики камп во организација на ГЛАМ.
Учесниците и нивните придонеси
Сите фотографии може да се видат на овој линк