ГЛАМ Македонија работи на реализација на проекти поврзани со Википедија, чија главна цел е збогатување на знаењето кое е слободно.
Образовната програма – има за цел збогатување на Википедија со нови содржини како и проширување на постоечките. Оваа програма се одвива пред сè преку основање и одржување на Вики Клубови во Македонија, обука на млади и возрасни за уредување на Википедија. Од досегашната соработка ги издвојуваме: ООУ „Свети Климент Охридски“ Драчево, ООУ „Светозар Марковиќ“ Старо Нагоричане, Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Скопје, ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид, и други.
Првиот од седумте Вики Клубови во Македонија е основан во соработка со Музејот на македонската борба во Скопје. Започнa со својата работа на 19 октомври 2016 година. Останатите Вики Клубови се отворени и работат во: Старо Нагоричане, Охрид, Струга, Штип, Гевгелија Велес.
Вики Камп е заедничко дружење и уредување на Википедијанците ученици во траење од три дена. Првиот Вики Камп се одржа во Берово, од 15 до 17 декември 2017 г., вториот се одржа во Дојран во 2018 г., а третиот Вики Камп се одржа во Велес во 2019 г.. Добредојдени се сите заинтересирани. Повеќе за Вики Камповите на следниот линк: wikicamp.mk
Вики конференција за наставници е еднодневна обука и запознавање на наставниците со можностите кои ги нуди Википедија, како и со начините на кои Википедија може да се употреби како наставно средство.
Исто така се одржуваат уредувачки натпревари, уредувачки денови, работилници и маратони.
Во Вики Клубовите до март 2020 г. се обучени над 400 ученици, создадени или надополнети се над 6000 нови статии; повеќе од 200 наставници ја поминале обуката на Вики конференциите, а на Вики Кампот учествуваа 130 ученици од 20 школи од Македонија.