ГЛАМ Македонија- Организирана обука за наставници во училиштето “Христијан Тодоровски Карпош“

Обука за наставници во О.У. Христијан Тодоровски -Карпош, во текот на оваа недела  ја организираше и одржа ГЛАМ Македонија.
Обуката помина во исклучително конструктивна работна и креативна атмосфера. Како и досега овие обуки содржат три делови. Во првиот зборуваше Снежана Штрковска, Претседател на ГЛАМ Македонија (GLAM -galery, library, arshive,museum) , за значењето, организацијата и функционирањето на нашата јазична Википедија на македонски јазик.
Какви форми на организација има  ГЛАМ Македонија како непрофитна организација  со акцент на организиарњето на Вики Камповите, наставниците ги запозна Валентина Трајковска, наставник и член на ГЛАМ. Вики камповите се одржуваат секоја година (освен годините на корона ) и на нив учествуваат членови на активните Вики клубови. Секој камп има своја тема на која за време на кампот се пишуваат статии.
Дел од оваа обука е предавањето за Медиумска писменост и култура, кое го презентираше М-р Татјана Гогоска, новинар и магистер по комуникациски науки. За значењето на медиумското описменување на децата и возрасните, неговите цели, примена , учеството на поединецот во создавање а не само консумирање на медиумски содржини зборуваше Гогоска.
Оваа Обука е последната за оваа 2023 година од ваков вид, кои беа одржани во неколку основни училишта во Скопје.

Вики Клуб Охрид- Учиме и пишуваме за нематерјално културно наследство

Група на тековни и нови членови од Вики-клуб Охрид, под менторство на Наташа Неданоска, деновиве беа во посета на гајдаџијата Целе Блажески во село Белчишта. Дедо Целе е гајдаџија од својата 16 година, а изработува гајди од 30 години.

Целта на посетата е децата да научат повеќе за Нематерјално културно наследство кое е урбано колку што е и рурално

УНЕСКО има класифицирано  пет области во кои се манифестира нематеријалното (живо) културно наследство, и тоа:
*усна традиција и јазик.
*изведувачки уметности (музика, игра, танц и разни продукции / сценографија, како што се етно-театар, пантомима или театар).
*социјална практика, ритуали и празници (обичаи, верувања, митови, фестивали).
*знаења и вештини поврзани со природата и универзумот (практично познавање на природата, лековити билки, народна медицина, пагански народни календари).
*традиционална уметност (занаетчиство, ракотворби).

На оваа работилница Дедо Целе им ја кажа историјата за гајдаџиството во нивното село и нивното семејство, за неговите настапи на многу фестивали, за процесот на изработка на гајдата и за нејзино свирење.

Од оваа посета, а и од следните кои се планирани, ќе произлезат статии на оваа тема на Википедија на македонски јазик.

 

 

Нови Википедијанци – Формиран Вики клуб во Пробиштип

Учениците од Гимназијата “Наум Наумовски – Борче” во Пробиштип под менторство на професорката Елвира Јакимовска, професор по македонски јазик и литература, формираа Вики клуб со образовна поддршка на Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ Македонија.
“Википедијата на македонски јазик многу често ја користиме и затоа со нетрпение чекавме да станеме дел од ова семејство на Википедијанци” – рече професорката Јакимовска на денешниот почетен час на Вики клубот.
За почеток Вики клубот во Гимназијата брои 15 членови, но заинтересираноста на учениците е поголема и планираат да станат нависитна сериозен Вики клуб од кој ќе има многу статии.
Формирањето на Вики клубот, доби поддршка и од директорката на Гимназијата Снежана Насевска, за која секоја корисна новина за учениците е добредојдена а нејзините амбиции се учениците да станат Википедијанци во вистинската смисла на зборот.
Глам Македонија со формирањето на овој Вики клуб направи уште еден чекор во реализација на образовната програма која е корисна за целиот тој регион.
ГАЛЕРИЈА

Ноември – месец на натпревар на членови од Вики Клубовите

ГЛАМ Македонија ги повикува учениците членови во  Вики клубовите од Македонија, што ги води Здружението, да се активираат со пишување на статии на Википедија на македонски јазик во периодот  од 1 до 30 ноември 2023 година.

Статиите може да се на било која тема, само треба да се внимава на преводот и правописот.

За  Учениците – учесници на конкурсот  е важно да знаат дека не треба никаде да ги запишуваат своите придонеси, а одговорните ќе ги проверат сите кориснички придонеси. Она што е најважно е да се внимава при создавање на статите и  објавувања на истите на Википедија на македонски јазик, да бидат со вашето корисничко име.
За најдобрите ќе има награди. Неколку статии  ќе добијат  ваучери , што ќе бидат одбрани како најдобри од жири комисијата. Како најдобри, може да бидат одбрани само статии кои се доволно големи, односно најмалку 15.000 бајти, информација која може да се види во делот: “Историја на преработките“.
Доколку сакате информација плус или имате нешто нејасно во врска со овој повик, слободно обратете се до вашиот наставник – координатор или на пишете ни порака на нашата страница на Фејсбук – GLAM Macedonia.

Основан нов Вики клуб во О.У. Невена Георгиева-Дуња во Скопје

Денеска во просториите на ОУ “Невена Георгиева Дуња беше формиран Вики клуб.
“Вики клубот засега брои 15 тина членови, со намера нивниот број да се зголемува, се со цел да создаваме поголем статии” кажа Маја Трајковиќ наставник по француски јазик и библиотекар, која ќе го раководи овој Вики клуб со ученици од шесто, седмо, осмо и деветто одделение.
И овој Вики клуб е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија и претставува чекор во проширувањето на Википедијата на македонски јазик, за која постојано се залагаме – истакна Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ Македонија.
Досега Википедија на македонски јазик има 139.153 статии и 112.252 регистрирани корисници.  Со ваквите образовни активности на Здружението ГЛАМ Македонија се создаваат услови за побројност на корисници кои ќе пишуваат на македонски јазик. Инаку Википедијата на македонски јазик е почнала  да работи во септември  2003-та година, значи цели 20 години активности и промоција на македонскиот јазик, култура и општествено битисување преку најглобалната интернет Енциклопедија.

Годишна конференција за проектите на Википедија во Тбилиси-Грузија

Годишна конференција на која централна тема се википедијанските проекти, и на која учествуваат претставници од здруженијата и јазичните Википеди од централна и источна Европа, и од минатата година , и претставници од централна Азија.

Годинава конференцијата се одржа во Тбилиси, Грузија, а од Македонија зедоа учество 7 Википедијанци, кои имаа и свои предавања, односно претставување на проектите кои се работат на локално ниво, и кои се дел од насоките за вкупните проекти на Википедија.

Википедија – Резултати од статии без илустрација 2023

Статии без илустрација (анг. Wikipedia Pages Wanting Photos, WPWP) е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во статиите на кои им недостигаат. Илјадници фотографии се поставени на Заедничката ризница преку разни ГЛАМ проекти, како и преку фотографските натпревари низ годиниве. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации во соодветните статии. Ова е огромен јаз кој оваа кампања се обидува да го премости.

Конкурсот траеше од 1 јули до 31 август а наградени се 5 учесници кои освоиле најмногу бодови. Резултатите од конкурсот се објавени на следниот линк:

https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Статии_без_илустрација_2023

Вики камп во Михајлово- “Вики го сака живото наследство“

За време на викендот 22 -24 септември, ќе биде одржан Вики кампот во Михајлово на Кожуф. „Вики го сака живото наследство“ е проект кој трае цела година, поттикнат од  Сузана Анас од Копенхаген,  која на овој камп ќе ги поздрави учесниците во петок на неговото отворање. Вики кампот е дел на овој глобален проект за оваа 2023 година.

“Да го зачуваме живото наследство“ е мотото  на годинешниот Вики камп кој е проект на ГЛАМ Македонија, со цел зголемување на статии и содржини на Википедија на македонски јазик на слободни теми, подобрување на постоечките статии, како и обука на несигурните уредувачи. Сите стари и нови членови на Вики Клубовите во Македонија се добредојдени да земат учество а во текот на Викикампот, ќе се одржат неколку заеднички уредувања а за најдобрите пет учесници ќе ги добијат своите награди на крајот од Викикампот.

Ова е 5-ти Вики камп за членовите на Вики клубовите е (што ги водиме ние). Досега се одржани Викикамповите во: 2017 – Берово, 2018 – Дојран, 2019 – Велес, 2020 и 2021 – немаше поради пандемија и 2022 во Трница.

Вики Камп е научно-образовен камп кој го организира Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија. Кампот е тродневен настан организиран од страна на ГЛАМ Македонија во кој учествуваат ученици при што истите се ангажирани за создавање нови статии на Википедија на македонски јазик, како и збогатување на постоечките.Самиот Вики Камп, покрај главната негова цел, вклучува и посета на природните убавини и богатства во местото во кое што се одржува, како и разгледување на културно-историски знаменитости. Дополнително на тоа, учесниците ќе имаат спортско-рекреативни активности, а сето тоа е проследено со голема забава и дружење и развивање нови другарства и пријателства.Повеќе информации на следниот линк: https://wikicamp.mk/

ГЛАМ Македонија – Активности, проекти и престојни промени

На 2 септември 2023 година во Скопје , беше  одржана средба на членовите на ГЛАМ Македонија. На средбата се дискутираше за тековните настани, за активностите кои ќе следат   во еснскиот период за реализација на предвидената пограма и проектните планови.

Присутите дискутираа  и за идните промени кои го очекуваат здружението , откако претседателката Снежана Штрковска, ги запозна за  новините кои ќе доведат до побројни активности и посодржајна програма од следната 2024 година.

 

ГЛАМ Македонија објавува Конкурс!

Го прошируваме нашиот тим!
Станете дел од Здружението на граѓани ГЛАМ Македонија, кое е признат огранок на Фондацијата Викимедија во Македонија, и работи на промовирање на Википедија, како и на други проекти.

На отворената работна позиција за период од 1 септември – 31 декември 2023 година, со можност на продолжување во следната 2024 година, се бара иновативен, мотивиран поединец, со добро чувство за професионална одговорност и со работна етика за позицијата:

* Менаџер на образовната програма

Потребни квалификации:

  • Најмалку ВСС VII/1 степен (или најмалку 240 кредити според ЕКТС)
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
  • Возачка дозвола Б – категорија – не е услов
  • Познавање на работа со Википедија се смета за предност
  • Работно искуство од најмалку 2 години во невладин сектор се смета за предност
  • Работно искуство од најмалку 2 години во образовние (на проекти и/или работа со ученици) се смета за предност

Работно време:

Работното време е 6 часа дневно, од кои 4 платени и 2 волонтерски часа, но доколку проектите го бараат тоа, може да биде и попладневно или за време на викенди.

Одговорности и задачи:

  • Да ги води Вики клубовите кои ги имаме веќе воспоставено низ Македонија, како и да отвора нови;
  • Да ги организира и да ги води обуките на учениците, наставниците и возрасните за уредување на Википедија;
  • Да органзира и спроведе (со помош на останатите вработени и волонтерите): вики конференции за наставници, натпревари за уредување, работилници, вики камп и други активности поврзани со образовната програма;
  • Да врши организирање на материјали и услуги потребни за проектите.

Ние нудиме:

  • Платена обука во траење од неколку месеци, и потоа вработување на пола работно време;
  • Интересна и исполнета седмица, соработка со различни профили на луѓе;
  • Патување.

Ве покануваме да ја доставите Вашата професионална биографија (CV), мотивациско писмо и фотографија со назнака за позицијата на мејлот glammacedonia@gmail.com

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.