ВИКИ СЕНИОР

ГЛАМ Македонија како дел од своите активности, започнува со реализација на нов проект „Вики Сениор“ – проект, кој има цел да обучува и едуцира возрасни лица низ цела Македонија, за да се создадат нови и да се подобрат веќе постоечките статии. За сите информации околу вклучувањето во проектот, може да испратите мејл на

glammacedonia@gmail.com, лице за контакт на Википедија Intraterestrian или да ја посетите нашата новоотворена канцеларија на ул. 20 Октомври бр. 26, секој работен ден од 10 до 14 часот.

ОТВАРАЊЕ НА НОВА КАНЦЕЛАРИЈА

ГЛАМ Македонија со задоволство може да се пофали дека има свое ново катче.
Нашата новоотворена канцеларија се наоѓа на улица 20 Октомври број 26, отворена за сите секој работен ден од 10.00 до 14.00.
Се надеваме дека во неа ќе се дружат многу Википедијанци во следниот период, и дека ќе инспирираме креативни и вредни средби.

ВИКИПЕДИЈА НАПОЛНИ 20 ГОДИНИ

Денес се навршуваат 20 години како Википедија му дава огромно пространство на човештвото за ширење информации. Оваа приказна на несебично споделување знаење започна како визија на еден човек, која набрзо стана визија на многумина, за сега светот да биде незамислив без опцијата да се консултира „Вики“ или да се разрешат пријателските дискусии со „Сега ќе проверам на Википедија! Им благодариме на сите волонтери што придонесуваат кон проширувањето на википедија на македонски јазик. Нашите википедијанци го прославија роденденот на Википедија, пишувајќи статии како подарок.

Во текот на денот вкупно беа напишани и објавени 25 статии од 22 уредувачи на разни теми. Сите статии-подарок може да се видат на овој линк.

Овогодинешната торта е одложена од оправдани причини.

Среќен јубилеен роденден, драга наша Википедија!

СВЕТСКИ ДЕН НА ПЛАНИНИТЕ 2020

На 11 декември 2020 година се одржа уредувачки маратон на тема Светски ден на планините. Активноста е дел од глобалниот симболичен „Светски ден на планините“.

Резултати:

Вкупно 14 учесници создадоа 21 нови статии за планини.

Статиите може да се погледнат на следниот линк:

https://mk.wikipedia.org/wiki/Википедија:Уредувачки_маратони_-_Светски_ден_на_планините_2020

 

Wikipedia-logo-v2.svg

ЖЕНИТЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

На 9 декември 2020 година се одржа уредувачки маратон на тема Жените за климатските промени. Активноста беше дел од глобалниот повик Women in Climate Change којшто се одвива во текот на месец декември.

Резултати:

Вкупно 8 учесници создадоа 27 нови статии, биографии на жени научници, чија работа е поврзана со климатските промени и глобалното затоплување.

Sustainable Development Goal 13.png

НАГРАДИ ЗА АКТИВНОСТ ВО НОЕМВРИ 2020 г.

Во текот на месец ноември 2020 година, 17 членови на Вики Клубовите биле активни на Википедија, заедно напишале и/или подобриле 161 статија на разни теми на Википедија на македонски јазик. Жири комисијата ги прогласи највредните шестмина, за што уредувачите ќе добијат диплома и награда. Следуваат корисничките имиња:

Прва награда – Jtasevski123

Две втори награди – Petar Barsa и SirGoldenBlade

Три трети награди – Vila RosaNPetar14 и Doni12345.

 

Им честитаме на добитниците на награди.

 

ВИКИ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА НАСТАВНИЦИ во ДЕБРЦА

На 27 ноември 2020 година се одржа Вики конференција за наставници во Дебрца, на тема „Медиумска писменост и Википедија“. На конференцијата беа почитувани сите протоколи за заштита во време на пандемија.

Обуката ја поминаа 30 наставници.

IN MEMORIAM

На 23 октомври 2020 година, почина Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев, основач, член и ИТ координатор на ГЛАМ Македонија, на 36 годишна возраст. Сочувство до семејството.
Нека патува со анѓелите…
File:Wiki Camp Berovo 73.jpg - Wikimedia Commons

РАБОТИЛНИЦА „ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА СРПСКА“

На 24 октомври 2020 година се одржа уредувачки маратон на тема Запознајте ја Српска. Активноста е на членовите на Вики Клубот во Старо Нагоричане, како придонес кон повикот „Упознај Српску 2020“ којшто се одвива од 15 октомври до 15 ноември 2020 година.

Беа создадени 14 нои статии на теми за Република Српска, од  9 учесници.

Сите статии може да се видат на овој линк.

Upoznaj Srpsku Logo.png

Read moreРАБОТИЛНИЦА „ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА СРПСКА“

Одржана Вики конференција за наставници во Велес

На 28 септември 2020 година беше одржана Вики конференција за наставници во Ликовниот салон во Велес. За време на обуката беа запазени сите препораки за претпазливост во врска со КОВИД-19.

Обуката ја поминаа 25 наставници.